Категории

ОТКРИЕНО: Ова е свадбениот подарок на кралицата Елизабета II за Хари и Меган

Иако славниот кралски пар треба да се откаже од повеќето свои свадбени подароци кои чинат огромно богатство, сепак оној на кралицата Елизабета II, со сигурнот ќе го надомести овој „губиток“.

При изборот на својот подарок, кралицата Елизабета II, за својот внук и неговата сопруга, одлучи да биде доста дарежлива. Имено подарокот е достоен за нејзината кралска титула, тоа е куќата „York Cottage“ на имотот „Sandringham“.

Подарокот со кој Елизабета II, сигурно ги воодушеви младенците, во вистинска смисла е од кралски пропорции, ако се суди според тоа што се простира на 8000 хектари земја. Од тоа, 240 хектари се јавен парк, а 24 хектари- градина која е поврзана со главната куќа. Имотот датира од времето на кралот Едвард VII, кој куќата ја подарил на својот син, кралот Џорџ V во 1893-та година. Хари и Меган моментално се наоѓаат во куќата „Nottingham Cottage“ која е сместена на простор на „Кенгсингтон Палатата“, а својот нов дом ќе го користат како одморалиште.

Според странските медиуми, интересен детал е тоа што припадниците на кралското семејство ја избегнуваат оваа куќа, бидејќи ја сметаат за проколната.

Извор : Женскимагазин.мк

Прегледи:
379
Објавено на:
04.06.2018