Отсега може да уживате и во караоке верзијата на „Дома“ на YouTube каналот на Марија Спасовска

Неодамна заврши овогодинешното издание на Детската Евровизија каде што нашата претставничка Марија Спасовска ја освои публиката со ангелскиот глас и одличната изведба испраќајќи моќна порака преку стиховите на нејзината песна.

На задоволство на љубителите на квалитетната македонска музика, Марија Спасовска на својот YouTube канал ја објави караоке верзијата за песната „Дома“. Слушнете како звучи инструменталната верзија за „Дома“, а отсега имате можност и за кавер преработки на оваа одлична композиција преку објавеното караоке.




Коментари

коментари