Категории

Отстранете ги флеките од тепихот: Постои решение дури и за флеките од црвено вино

Често се случува вашиот омилен пијалак да заврши на тепихот. Доколку тоа е вода или сок, нема да биде тешко да се отстрани дамката, но кога случајно на тепихот истурите црвено вино, време е за аларм. Што треба да направите?

Веројатно веднаш ќе посегнете по првото средство кое ви е при рака и ќе се обидете со детергент за садови или некое друго средство да ја отстраните дамката. Меѓутоа, иако звучи чудно, најдобро средство за отстранување на рвеното е белото вино.

Можеби не сакате да истурите и бело вино, но верувајте овој трик навистина функционира. Накратко, црвената дамка треба да се прелие со бело вино и таа ќе почне да избледува. Потоа со мокра крпа и малку вода поминете на тепихот и дамката ќе исчезне. Се надеваме дека овој необичен трик ќе ви помогне.

Прегледи:
93
Објавено на:
22.06.2018