Категории

Оттргни се од празните луѓе и приближи им се на оние кои ја исполнуваат твојата душа

Луѓето те празнат со својата баналност, разговори во кои нема длабочина, трачеви кои ништо не значат и се прашува како си можел да го дозволиш сето тоа, каква утеха си можел да пронајдеш во тоа кога на крајот од денот си се чувствувал се по изгубено и изморено.

Те празнат со своите двосмислени изјави, игри, криења зад нешто што не се, па на крајот се прашувал дали твоето време поминало и со што се наполнил твојот ум.

Посакуваш да се повлечеш во самотија, некаде каде што никој нема да може да ти кажува како да живееш, каде никој нема да го анализира твојот живот како психолог, да ги крои твоите правила, да се меша во твојата интимност. Посакуваш да се оттргнеш од се и од сите и да уживаш во својата самотија, во својата искреност, едноставност и топлина.

Немој да се предаваш на бесмислените чувства само затоа што така живеат другите па да помислиш дека така треба да живееш и ти. Немој неко да те зароби со своите бесмислени приказни кои се вртат во круг и кои на крајот ќе се претворат во негативни чувства. Оттргни се од луѓето кои те празнат и дозволи им на луѓето кои те исполнуваат да влезат во твојот живот и да ти дадат сила за новиот ден. Тогаш ќе забележиш колку ќе се промени твојот живот.

Прегледи:
289
Објавено на:
11.04.2020