Чек дис аут
Search


Отворање на дополнителен капацитет во Пунктот за бездомници – трпезарија за бездомници!

Пунктот за бездомници во Момин Поток е отворен во 2008 година и од тогаш континуирано се работи на подобрување на капацитетите, што подразбираше отварање на стационарниот дел-прифатилиштето, како и отварање на новиот објект-женско одделение. Подготвени сме за уште еднa новина- отворање на трпезарија за рамките на пунктот за бездомници, на 26.06 (среда) со почеток во 10:30 во Момин Поток, соопштија од Црвен Крст.

Градот Скопје поддршката за работењето на Пунктот ја дава во текот на сите изминати години и по тој повод градоначалникот на Град Скопје г.  Петре Шилегов ќе се обрати на отварањето. На настанот пристутни ќе бидат и многу поддржувачи како А.Д Алкалоид, ЛЛ Кетеринг, Меѓународни училишта НОВА, Пекабеско, Везе Шари, Ајде Македонија, Центри за социјална работа на град Скопје и др.

Пунктот за бездомници е отворен секој работен ден за консултација, додека одржувањето на лична хигиена, менувањето на нечистата облека, добивање топол оброк, добивањето на медикаменти, прегледи кај доктор како и вадење на лична документација и ред други активности се реализираат два пати во неделата каде на дневна основа (секоја среда и петок) се услужуваат по 60 бездомници.

Во пунктот за бездомници при екстремните температури во текот на летниот и зимскиот периодж функционира и привременото прифатилиштето за бездомници на Црвен крст кое има сместувачки капацитет за 40 бездомници.




Коментари

коментари