Категории

Отворен првиот мини McDonald’s за пчели

Запознајте се со новиот McHive ресторан.

McDonald’s во Шведска го прошири своето влијание врз одржливоста и заштитата на животната средина. Познатата компанија за брза храна привлече големо внимание откако постави пчеларници на покривите на неколку нивни ресторани за да ја подигне свеста за пчелите, нивната важност за целата планета и фактот дека ги има сé помалку. Со намалената бројност на пчелите, беше создадена иницијатива низ целата држава која вклучува и садење на многу цвеќиња кои пчелите ги сакаат.

 

За да ја прослави оваа иницијатива и нејзиниот успех, агенцијата за рекламирање NORDDDB одлучи да го создаде најмалиот ресторан во светот – McHive. За привлекување илјадници пчели, компанијата креираше класични пчеларници, а надградениот изглед неверојатно потсетува на ресторан McDonald’s. McHive има и мини-погон, реклами и детали дизајнирани да личат на вистинските големи ресторани.

 

„Имаме многу посветени вработени кои придонесуваат за одржливоста, се чувствуваме добро кога можеме да ја искористиме нашата големина за да ја прошириме и зајакнеме оваа идеја, како што е овааа кошница на покривите – овој мини McDonald’s е посветен на нашата Кристина Рихтер која е најголем иницијатор“, рече Кристофер Ронблад, директор за маркетинг на McDonald’s во Шведска.

Прегледи:
470
Објавено на:
19.08.2019