Категории

Отворена продавница без продавачи во Шведска

Во шведското градче Викен е отворена продавница во која  нема вработени ниту благајна, а целата купопродажба се одвива преку телефон. Продавницата нема дополнителни трошоци за плати, бидејќи нема вработени, а единствено човек треба за да ги надополни празните рафтови, а тоа го прави сопственикот, Роберт Илијасон.

Имено, потребно е да се симне апликацијата за продавницата, во која се внесуваат сите податоци за купуваќот и бројот на нивните картички, а артиклите исто така ги препознава самата апликација. На крај на месецот, тие добиваат сметка за потрошеното.

Секако, се поставува прашањето за безбедноста, но Роберт вели дека крадците немаат интерес за неговата продавница, затоа што таму нема кеш пари, нема алкохол, цигари и лекови, туку само леб, млеко, храна за бебиња, пелени и слично, а секако, постојат и камери кои снимаат. Доколку вратата остане отворена поголдо од осум секунди се вклучува аларм кај него, а тој бидејќи живее блиску оди до таму и доколку има потреба повикува полиција.

Најголем проблем со продавницата можеби имаат постарите кои не се многу искусни со новите технологии, па Илијасон размислува да вработи еден човек кој дневно би поминувал по неколку часа во продавницата за да им обајсни на сите како се користи апликацијата за купување.

Тој вели дека вакви продавници сака да отвори и во други градови, а се прашува како никој до сега не се сетил на ова.

Возејќи се на сред ноќ по улиците на Викен, барајќи отворена продавница за да купи храна за своето расплакано бебе, Роберт Илијасон дошол на идеја да отвори продавница во која ќе се продаваат најосновните работи 24 часа дневно и во која нема да има продавачи. Во неговиот мал град, исто како и во другите градови бројни мали продавници кои продавале основни намирници се затворени поради неисплатливост под налетот на големите трговски синџири и трговски центри. Па така, жителите на градчињата не можат да купат основни работи, само со симнување долу од зградата, туку мора да седнат во автомобил да возат повеќе километри за да пазарат.

Благодарение на неговата идеја, сега жителите на Викен, од минатиот месец може да ја посетат неговата продавница, отворена 24 часа, да испазарат и да се вратат дома.

Прегледи:
176
Објавено на:
02.03.2016