Категории

Отвори го прозорецот на твоето срце и пуштија Божјата љубов

Некој човек постојано живеел со црни облаци на душата. Не верувал во добрина, особено во Божјата добрина и љубов..

Еден ден, така задлабочен во својата црнина, шетал по ридот над селото и сретнал еден овчар.
Овчарот бил добар човек со бистро око, ја почувствувал маката на човекот и го запрашал.
„Што толку те мачи, пријателу?“
„Многу сум осамен.“
„И јас сум сам, но не сум тажен.“ – одговорил овчарот.
„Можеби затоа што Бог е со тебе..“
„Точно така.“
„Јас, напротив, го немам Бог, не можам да верувам во неговата љубов. Како Бог може да ги сака сите луѓе? Како е возможно да ме сака и мене?“
„Го гледаш ли она наше село во долината?“, прашал овчарот. „Ја гледаш ли секоја куќа, нели? Ги гледаш ли прозорците од секоја куќа?“
„Ги гледам“, одговорил човекот.
„Тогаш немој да очајуваш! Сонцето е едно, а сепак го осветлува секој прозорец во градот и во селото, дури и оној најмал сокриен прозорец во текот на денот успева де го осветли. Можеби ти си очаен затоа што прозорецот ти е затворен…?“

Прегледи:
233
Објавено на:
09.05.2020