Ова дете оди на училиште со ранец изработен од неговиот татко за да заштедат пари

Образованието е еден од најзначајните пресвртници во животот на детето, кој има клучна улога во одредувањето на неговата иднина. Според Обединетите нации, речиси 60 милиони деца не одат на училиште. Една од најчестите причини е сиромаштијата. Има многу деца ширум светот, кои, наместо да одат на училиште, мора да работат за да ги издржуваат своите семејства, да собираат вода или да се грижат за своите браќа и сестри.

Неодамна, учителка од Камбоџа споделила фотографија од ранецот на својот ученик кој го изработил неговиот татко.

Дури и најосновните работи на кои поголемиот дел од нас не обрнува внимание, може да ги спречат децата во нивното образование и одењето на училиште бидејќи родителите не можат да им ги обезбедат.

За да им обезбедат подобра иднина на своите деца, родителите прават сѐ што можат. Токму затоа, оваа слика се прошири на социјалните мрежи, докажувајќи ја жртвата на родителот да му обезбеди соодветно образование на своето дете по секоја цена.

Учителката објаснила дека еден ранец чини 7 долари во нивната област и дека родителите не можат да си го дозволат тоа. Но, таткото на Ну Кенг кој работи како фармер, решил да заштеди пари и да ја употреби својата креативност создавајќи практичен ранец за своето дете.




Коментари

коментари