Ова е “базенот на ѓаволот”: Најубав е, но и најопасен базен на светот

“Ѓаволскиот базен” се наоѓа на врвот на Викторијанските водопади во Замбија, една од најголемите туристички атракции во Африка. Пливањето во него е безбедно само од септември до декември поради најниското ниво на водата…

Викторијанските водопади се наоѓаат на реката Замбези, на границата помеѓу Замбија и Зимбабве. Се сметаат за едни од најголемите и најспектакуларните водопади во светот.

Освен самите водопади, она што привлкува особено внимание и туристи е “ѓаволскиот базен” на врвот на водопадите. Го нарекуваат ѓаволски затоа што пливачите додека се капат можат да гледаат преку водопадите во длабочините. Секако, постои заштитен ѕид кој ги спречува да паднат во водената провалија.

Дали вие би се осмелиле да се капете во “ѓаволскиот базен”?




Коментари

коментари