Ова е билката која носи среќа: Успева и во најлоши услови!

Билките му даваат на просторот дополнителна убавина и живот. Но, додека некои луѓе имаат магични прсти кога станува збор за зеленилото, други имаат чувство дека доволно е да ја погледнат својата билка и таа ќе овене.

Но, билката која нема да ви создава такви главоболки е замијата. Според фенг шуи таа во домот носи среќа и пари, а нејзината голема предност е тоа што лесно се одржува.

Оваа зимзелена билка по потекло е од Африка, а поради својот интересен изглед и лесно одржување е доста популарна во уредувањето на домовите. Расте и до метар висина и има повеќе стебла на кои се наоѓаат зелени лисја кои се сјајни и цврсти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by little.greenery (@little.greenery) on


При грижата за оваа многу благодарна билка треба да внимавате да не ја изложувате директно на сонце и темпратурата на која се наоѓа да не биде помала од 15 степени. Оптималната температура за оваа билка е од 18 до 24 степени.

Треба да ја заливате од прилика еднаш месечно па дури и поретко. Не претерувајте со водата бидејќи на тој начин може да скапе, а листовите да пожолтат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mati and animals (@mati_and_animals) on


Замијата се размножува со делење на ризомите односно стебленцата, листовите, а при размножувањето мора да бидете трпеливи, бидејќи процесот е спор. Цвета од средина на летоот до рана есен, а нејзиниот необичен цвет се наоѓа до дното на стеблото.

Инаку, станува збор за билка на која не и е потребна посебна мешавина на земја и усоева во услови каде што има повеќе хумус.




Коментари

коментари