Ова е девојката која ги убедила сите 20 момчиња да и купат 20 Ајфони кои ги продала за да си купи куќа

Една девојка од Кина ги убедила своите 20 момчиња да купат 20 ајфони 7 и потоа ги продала за да купи куќа. Таа успеала да заработи околу 725 фунти за секој од телефоните и ги искористила парите за да уплати депозит во куќа. Овој случај бил откриен на една кинеска платформа.

Xiaoli потекнува од градот Шенжен во јужна Кина, а откако ги добила дваесетте ново-лансирани iPhone 7 од нејзините момчиња, таа ги продала на страницата за рециклирање на мобилни телефони за 120.000 кинески јуани (приближно 14.500 фунти).

Куќата што ја купила се наоѓа на село, а кога им го покажала својот нов дом на група пријатели, сите биле шокирани поради начинот на кој ги добила парите. Некои од нив ја оправдуваат објаснувајќи дека таа не потекнува од богато семејство, нејзината мајка е домаќинка, а нејзиниот татко мигрант. Тие велат дека таа била под голем притисок да им купи куќа.




Коментари

[fbcomments]