Ова е главната причина поради која партнерите се изневеруваат!

Ако сметате дека партнерот со кого сте моментално во врска не е најдобриот избор за вас и не ви го дава она што го сакате, најдобра одлука е да стиснете заби и да раскинете за ваше добро и доброто на партнерот. 

Едно спроведено истражување базирано на одговорите на 495 испитаници и објавено во The Journal of Sex Research покажало дека главната причина за неверство не е ниту љубопитноста, ниту пак неиздржливата сексуална потреба, туку недостатокот на љубов.

Дури 80% од испитаниците изјавиле дека нивната главна причина за неверство било чувството на запоставеност од страна на партнерот.

Жените најмногу изневеруваат затоа што не се чувствуваат доволно сакани и не чувствуваат емоционална стабилност во врската.

Исто така, кај мажите најчест порив за неверство е недостатокот на физички допири, разменувањето нежности и чувството на стабилност.




Коментари

коментари