Категории

Ова е градот кој нема некој кој не сака да го посети…

Ви го доближуваме духот и магијата на Амстердам – главниот, а воедно и најголемиот град во Холандија. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата.

Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговија со дијаманти. Иако сите државни институции и амбасади се наоѓаат во Хаг, сепак Амстердам е главниот град на Холандија. Денес, оваа метропола е еден од главните економски центри во Европа, главен центар на забавата и слободата, но и една од најромантичните локации на Стариот континент.

 

Препознатливите канали во Амстердам кои потекнуваат од 17-от век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на УНЕСКО. Каналите се неизбежни во Амстердам, но има уште мал милион работи кои задолжително треба да ги посетите или направите за време на Вашата посета на оваа метропола. Лежи на повеќе од 150 канали кои се меѓусебно поврзани со 1 300 мостови.

Важи за град со карактеристична холандска архитектура, канали, бродови и мостови… град на музеите, на живописните плоштади, но и град на архитектурата. Името го добил по реката Амстел, или можеби и по истоименото светски препознатливо пиво.

Дефинитивно овој град е најпријателски настроениот град кон велосипедистите во цела Европа. Велосипедската култура е на многу високо ниво и има одлични услови за велосипедистите. Во Амстердам има преку еден милион велосипеди, а само 700.000 жители, што го прави главниот велосипедски град на Европа. Тесните улички и мостови, како и високите цени за паркирање, го прават главниот град на Холандија место што не е најпогодно за автомобили. Затоа, луѓе од сите општествени групи секојдневно користат велосипед за превоз низ градот. Во Холандија има преку 15 илјади километри велосипедски патеки и токму затоа разгледувањето на овој град најдобро е да се направи со велосипед. Според едно истражување направено пред неколку години, секојдневно на улиците низ Амстердам има 490.000 велосипеди кои вкупно поминуваат 2 милиони километри дневно.

1

2

За сите љубители на пивото Ви препорачуваме да ја посетите пивската империја Хајнекен. Херард Адриан Хајнекен ја презел малата пиварница на 22 години и и го дал своето име, а оттогаш се останато поврзано со ова пиво е историја. Со одличната стратегија за извоз на пивото, семејството Хајнекен од едно мало семејно претпријатие од Амстердам прераснало во светски гигант. Ви препорачуваме да ја доживеете Хајнекен приказната со тоа што ќе го посетите одличниот музеј направен во чест на најпродаваното пиво.

 5

4

  Амстердам е во исто време музеј на отворено, ризница на интересни градби и споменици под отворено небо, но и модерна европска престолнина. Ана Франк, малото германско девојче од еврејско семејство е една од најчесто споменуваните личности од жртвите на Холокаустот. Таа е исто така симбол на Амстердам од причина што куќата во која таа со своето семејство се криела од Германците се наоѓа токму во овој град. Ана Франк стекнала светска слава благодарение на своите дневници во кои ја опишала германската окупација на Холандија за време на Втората светска војна. Музејот кој денес се наоѓа во срцето на Амстердам ќе Ви открие една емотивна приказна која вреди да ја доживеете.

Можеби сте знаеле, а можеби и не, но речиси една четвртина од Амстердам е под морското ниво. Најголемиот дел од Холандија е повратен од морето, па така, доколку не постоеја специјалните брани, повеќе од половина од земјата ќе потоне под Северното Море. Ова е градот на слободата и забавата, градот на уметноста и сликарството. Град кој може да се пофали со 1.600 културни настани во текот на годината и со преку 40 музеи.

Тука е и музејот на Ван Гог, еден од триесетте најпосетени музеи во светот во кој има повеќе од 800 слики од најпознатите светски уметници… за нешто задолжително во Амстердам го препорачуваме и квартот на црвените фенери во кој неизбежни се разголените девојки, но има уште многу други знаменитости и атракции во овој либерален град заради кој истиот годишно привлекува повеќе од 3 милиони туристи.

24

Прегледи:
568
Објавено на:
18.05.2016