Категории

Ова е иднината: Хотел кој плови по светот

Луксузните крстарења какви што се организираат денес, доколку некогаш се реализира овој концепт, ќе заминат во историјата буквално преку ноќ.

Италијанскиот архитект и дизајнер Џанлука Сантосуосо го дизајнирал иновативниот футуристички хотел MORPHotel, кој ќе плови по мориња и океани.

Кога ќе го погледнете идејното решение, првото нешто што ќе ви падне на памет е – Star Wars. Архитектурата на хотелот потсетува на `рбет, предвидена е можност за менување на формата во зависност од морските и океанските струи, а тука е и самоодржливиот екосистем. Футуристички, без дискусија.

Концептот предвидува должина од околу 800 метри, ширина од нешто повеќе од 6 метри, а би требало да се снабдува со енергија од брановите и сонцето.

Идејата е овој хотел да плови по мориња, а за на гостите да не им биде здодевно, предвидено е постоење на ресторани, базени, фитнес центри, дури и кино.

Она што е уште поинтересно е тоа што концептуалниот дизајн подразбира хотелот да биде опремен со самоодржливи системи. Дождот би требало да се филтрира и складира во големи резервоари, а морската вода со посебни системи ќе биде пречистувана од солта.

Идејата е супер, но… дали можете да замислите колку би чинело сето тоа? Не? Па, не можеме ни ние… Затоа, прашање е дали овој концепт некогаш ќе заживее во реалноста… Но, мора да признаеме дека идејата е интересна.

Прегледи:
335
Објавено на:
23.03.2017