Категории

Ова е Квока: Најсреќното суштество на планетата и нова опсесија на луѓето низ целиот свет!

Нова опсесија на социјалните медиуми е малото суштество по име Квока

Кога за прв пат ја видовме Квока на фотографии објавени на социјалните мрежи, мислевме дека станува збор за фотошоп, но ова суштество навистина постои.

Бидејќи таа стои мирно и има насмеан лик, Квока стана опсесија на многу блогери, влогери и други луѓе опседнати со социјалните мрежи. Скоро, на Квока и ја доделија титулата: најсреќното суштество на Земјата.

Работата е во тоа што ова суштество живее на места каде што нема предатори, па не е навикнато ниту да се плаши или да бега.

Неговото природно живеалиште е Австралија, а луѓето го доживуваат исто како кучињата или мачките.

Таа е близок роднина на кенгурот. Таа е со големина на мачка или зајак и се храни со растенија и води ноќен живот.

И покрај фактот дека овој животински вид е загрозен, Квока не го губи својот оптимизам и со своето „насмеано“ лице плени туристи од целиот свет.

Иако се смета за најсреќно суштество на планетата, десетици луѓе се каснати од Квока. Ова се препишува на фактот дека луѓето забораваат дека таа е диво, а не домашно животно.

Прегледи:
598
Објавено на:
16.10.2019