Македонецот Мајкл Дамески кој е роден во Сиднеј од родители Македонци, уште од рана возраст се вљубува во танцот и го покажува свјот неизмерен талент. Тој од својата шест година учествува на натпревари за танцување иако не посетувал часови и се пласира на првите места.
Она што е особено интересно е неговиот пласман во финалето на американското шоу „World of Dance 2018“ во чие жири е член и светската ѕвезда Џенифер Лопез, која и овојпат остана без зборови пред изведбата на талентираниот Дамески.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=204&v=GnVzmpzd8Ps
Наградата за победникот на ова шоу изнесува еден милион долари, а Дамески е само на чекор од неа. Погледнете дел од неговите неверојатни изведби!
https://www.youtube.com/watch?time_continue=88&v=eif8RBYVZFA