Ова е Македонија во мало! Барем за момент застанете и сфатете дека пред Бог сме сите исти!

Ова е Македонија во мало!

Барем за момент застанете и сфатете дека пред Бог сме сите исти! Политика и нечовечност се сега најмалку потребни! Многу соништа останаа неисполнети и многу желби неостварени.

Заблагодарете се на Бог што некој ваш близок не е дел од оваа слика и помолете се за сила на преживеаните и спокој на починатите.

И не ја потценувајте моќта на мигот зошто сите ама баш сите сме само гости на овој свет!

Сите мајки плачат на ист начин без разлика на која националност припаѓаат затоа уште еднаш ве замолуваме престанете со ширење омраза барем во вакви моменти и со свој пример покажете им на вашите деца дека емпатијата е една од најважните човечки особини!

Спокој на душата на починатите и здравје и сила за повредените… Амин!




Коментари

коментари