Категории

Ова е манекенката која го доеше своето дете додека чекореше на модната писта

„Благодарна сум што можам да ја споделам оваа порака и се надевам дека со ова ќе им покажам на сите дека жените можат се“ изјавила манекенката и мајка Мара Мартин откако стана главна ѕвезда на модните писти.


Манекенката Мара Мартин знае како да позира на модните писти, но златниот костим кој го носеше неодамна веројатно ќе биде вечно запамтен. Имено, оваа прекрасна манекенка и мајка прошетала на модната писта за американскиот „Sports Illustrated“, заедно со својата петмесечна ќерка додека ја доела.

„Sports Illustrated“ ја избрал оаа манекенка од своите 16 финалисти и ја објавил гордата мајка заедно со пораката „GIRL POWER!“

„Каква ноќ! Нема зборови кои можат да опишат како се чувствувам… Не можам да поверувам дека се будам со насловна страна на портал и магазин на кој мојата ќерка и јас го правиме она што инаку го правиме секојдневно. Навистина се чувствувам благодарна што можам да ја поделам оваа порака и се надевам дека ќе им покажам на другите дека жените можат се“, напишала манекенката на својот Инстаграм профил.

Прегледи:
483
Објавено на:
18.07.2018