Ова е местото каде што ќе пронајдете сè што ви треба за вашето дете

Модата отсекогаш претставувала моќен начин на изразување и рефлектирање на менталитетот и културата на личноста. Со развојот на текстилната индустрија, детските креации и облеки претставуваат се поголем предизвик за дизајнерите. Во споредба со креациите од минатото, кога преовладувале само неколку бои и дезени, сега изборот е огромен, а секое парче облека може да го најдете во најразлични бои и форми.

Поради фактот дека децата растат многу брзо, па некои облеки можеби не стигнуваат ни да ги облечат, покрај многубројниот избор на пазарот, тоа што му е потребно на секое дете е квалитетна облека со достапни цени изработена од природни материјали, дизајнирана следејќи ги модните трендови кај облеката за деца.

Токму овие карактеристики го опишуваат познатиот бренд за детска облека „Wenice multi brand kids fashion“, чија основната дејност е малопродажба и големопродажба на облека и опрема за деца од 0 до 16 години. „Wenice multi brand kids fashion“ во Македонија постои од 2004 година.

Во продавниците на овој бренд можете да ги купите производите на голем број реномирани производители за бебешка и детска облека со висококвалитетен памук и природни материјали. Тука ќе пронајдете буквално се што ви е потребно за вашето дете да изгледа прекрасно, да се чувствува удобно и среќно. Почнувајќи од опрема за новороденчиња, секаков вид на бебешка облека, како и облека за момчиња и девојчиња до 16 годишна возраст, чевли, па се до неверојатни играчки и алатки за нега, заштита и безбедност на вашите најмили.

Отсега не мора да губите премногу време во потрага по посакуваните парчиња облека за вашите деца, барајќи на најразлични локации, бидејќи ова е местото кое што располага со најширок спектар на детска облека и играчки за сите возрасти, скроени по последните модни трендови и адаптирани за одредените возрасти. Освен тоа, имате можност да купувате онлајн со посетување на веб страницата https://wenice.mk/index.php, а притоа да добиете намаление од 20% на сите производи кои ќе ги нарачате.

Во духот на новогодишните празници, токму поради тоа што децата најмногу се радуваат на овој период од годината, „Wenice multi brand kids fashion“ подготвува изненадување во вид на ваучер за сликање со Дедо Мраз во Фото Бимбо во ГТЦ за секоја сметка над 1000 денари. Оваа акција започнува на 18 декември и ќе трае се до 31 декември 2017 година. Покрај ова изненадување, од 22.12.2017 до 15.01.2018 добивате поголеми попусти за поголеми насмевки и тоа 10% намалување на првиот производ, 15% намалување на вториот производ и 20% намалување на третиот производ – затоа што детските насмевки се нашата инспирација.

Доказ и признание за успешната работа на брендот „Wenice multi brand kids fashion“ е неговата застапеност на три локации во Скопје – во Сити Мол, Рамстор Мол и ТЦ Бисер. Посетете ја локацијата која најмногу ви одговара и бидете причина за искрените насмевки и среќни мигови на најмладите.




Коментари

[fbcomments]