Ова е најлошата работа што можете да ја направите за вашата кожа при капење

Сите го правиме ова без да знаеме колку и штетиме на нашата кожа

Ништо не може да ја надмине топлата бања кога надвор е ладно, но ако сакате да си угодите себеси, треба да обрнете внимание и на температурата на водата. Нема штета сè додека бањата не е премногу жешка, нели? Сепак, колку е потопла бањата, толку повеќе ја суши кожата. Идеалната температура треба да се движи помеѓу 36 и 38 степени, велат експертите.

 

Уште повеќе, капењето на температура над 38 степени замара и кога ќе завршите со капењето ќе се чувствувате уште поисцрпено. Покрај тоа, се препорачува капење најмногу двапати на ден по 15 минути, во спротивно водата ќе ја намали влажноста на кожата.

 

За да се одржи влажноста на кожата, подобро е да се користи масло за капење отколку пенаста купка. Ако и понатаму страдате од сува кожа после капењето, обидете се со понежно триње на кожата.




Коментари

[fbcomments]