Категории

Ова е најлошиот избор на заштитна маска – Го зголемува ризикот од инфекција

Целиот свет е фокусиран на носењето маски како главен и најмоќен начин на спречување на епидемијата на коронавирусот.

Луѓето сами бираат дали ќе носат еднократни хируршки маски или оние платнените кои се домашно изработени, додека некои се одлучуваат за поскапи опции кои делуваат „помоќно“ па со самото тоа и „посигурно“.

Ако веруваме на америчкиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), една маска не треба да ја користите, а тоа е онаа со вентил за воздух.

„Целта на маските е да се спречи мешањето на респираторните капки. Маските со вентил дозволуваат воздухот да влегува под маската и така лесно може да дојде до размена на капкит еи потенцијална зараза“ – објаснуваат од ЦДЦ.

Стручњаците велат дека иако оваа маска го олеснува дишењето и помага да се рашири топлината и влагата во пределот околу устата и носот, сепак не е добар избор затоа што дозволува влез на нефилтрирани аеросоли и претставува потенцијален ризик за околината.