Категории

Ова е најпопуларниот емотикон во светот

Корисниците на социјалните мрежи при искажување на своите емоции, најчесто го употребуваат жолтото лице кое плаче од смеење, поради што “Apple” го прогласи за најпопуларен оваа година.

Трагикомичниот емотикон со две солзи и широката насмевка е најдобро оценет за изразување на среќа, но и депресија.

Според листата на “Apple”,  овој емотикон е најмногу користен од страна на корисниците на iOS и Mac уредите. Директорот и основачот “Facebook”, Марк Цукерберг, ова лето објави графикон кој покажува кој покажува кои емотикони се најмногу користени.

Прегледи:
612
Објавено на:
07.11.2017