Категории

Ова е најубавата божиќна дестинација во светот – Локоротондо е градот во кој магијата живее!

Ќе имате чувство дека се наоѓате во вистинска бајка…

Иако самата помисла на одмор во јужна Италија асоцира на лето и летните месеци, јужна Италија има што да понуди и во зимскиот, божиќен период.

А доказ за тоа е ова шармантно место со уште пошармантно име – Локоротондо, кое во последниве години сѐ повеќе привлекува туристи токму во декември.

Локоротондо е мал град кој се наоѓа на самата пета на италијанската „чизма“. Иако Локоротондо својот шарм не може да го сокрие во ниеден период од годината, ова место е вистински избор за оние кои го обожаваат новогодишниот период.


Внимателно избраните декорации во градот создаваат неверојатен контраст помеѓу црвените, божиќни тонови и белите ѕидови, а благодарение на многубројните светулки и традиционалните украси ќе имате чувство дека сте во бајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valerio | Puglia (@ilrandagio_)


Затоа, доколку сѐ уште барате идеална локација за божиќното патување, Локоротондо е местото со кое едноставно не можете да погрешите, а со тоа се сложуваат и бројните светски портали за патување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MaRy (@sonnmary7)

Прегледи:
481
Објавено на:
21.12.2021