Ова е најубавиот антистрес звук на светот… (ВИДЕО)

Предењето на мачка го ублажува стресот, несоницата или каква било вознемиреност, токму како што тоа го прават апчињата, потврдија ветеринарите.

Многумина велат дека „терапијата со предење“ го смирува човекот и делува како „лек, но без несакани нус појави“.

Кога организмот се бори со тешки ситуации како стресот, предењето произведува смирувачки звуци, кои делуваат речиси како музика, објаснуваат стручњаците. Предењето, кое има ниска фреквеција, не делува само на човечкото уво, туку и на завршетоците на нервите на кожата, кои ги пренесуваат позитивните импулси во мозокот.

Освен предењето, ветеринарите истакнуваат и уште некои предности на мачките.  Мачката е вечно бебе кое сака да се мази и бара да си играте со неа, што во некои случаи ги надоместува емотивните недостатоци на луѓето.




Коментари

коментари