Ова е најубавиот пазар во светот: За нас магична глетка, а за работниците тежок живот!

Престојувајќи во Борнео во Индонезија, фотографот Фаузан Маудудин снимил серија извонредни фотографии кои нудат подобар увид во секојдневниот живот на локалното население.

Животот на трговците во Индонезија не е лесен – целиот ден го поминуваат скупчени во чамци, купувајќи и продавајќи риба, овошје и зеленчук.

На крајот од денот можат самите да се довеслаат до брегот, или да им се придружат на колоните чамци кои на ова подрачје се честа појава.

„Со помалите чамци, кои се нарекуваат џукунг, се управува рачно. Доколку патуваат на оддалечено место, трговците во замена за парична надокнада ќе и се приклучат на колоната од десетина чамци, која обично ја влече поголем брод наречен келоток. Во една колона понекогаш се наоѓаат и по 20 чамци“, вели 38- годишниот Маудудин.




Коментари

коментари