Ако би можеле да бирате каде би живееле во светот, каде би било тоа? Според некои нови истражувања, има само еден практичен одговор: Виена, Австриа.
Овој европски град е наречен најпогоден град од страна на The Economist Intelligence Unit.
Што ја прави Виена толку одлична? Факторите како, ниско ниво на криминал и корупција, одличната здравствена заштита, достапното образование, умерената клима, општествената слобода и одличната инфраструктура. Исто така и начинот на живеење е еден од факторите кои ја издигаат Виена на врвот на оваа листа. Виена добива високи оценки за понудата на храна, појалоци, спорт и култура. Градот е дом на разновидна уметничка сцена, вбројувајќи ги историскиот музеј Belvedre и Secession галеријата – домот на авангардните ѕметници на Виена во доцните години на 19-тиот век.
Необични кафулиња на секоја улица. Дури и водата од чешма, пумпана директно од Алпите, е инзвинредна.
Второто место на листата го зазема Мелбурн. Трет е Осака, јапонски град кој скокна шест места за шест месеци, благодарение на опаѓањето на криминалот и квалитетот на транспортот.
Но, ако станува збор за држава, а не за град, Канада и Австралија имаат по три града во првите десет: Мелбурн, Сиднеј, Аделаида и Калгари, Ванкувер и Торонто.
Еве ја и целосната листа на топ 10-те градови:
- Виена, Австрија
- Мелбурн, Австралија
- Осака, Јапонија
- Калгари, Канада
- Сиднеј, Австралија
- Ванкувер, Канада
- Торонто, Канада
- Токио, Јапонија
- Копенхаген, Данска
- Аделаида, Австралија