Категории

Ова е првото нешто што мажите го забележуваат кај жената додека водат љубов

Многу жени на почетокот на врската имаат страв дека мажот во текот на сексот ги воочува сите нивни маани, како лоша депилација, сало на стомакот, скршен нокт, целулит…

Меѓутоа, новите студии покажуваат деа мажите воопшто не обрнуваат внимание на наведените работи туку важно им е нешто сосема друго.

Вашата иницијатива

Ако тие ја завршуваат целата работа, а вие само лежите и чекате да видите што ќе се случи следно, тие ќе помислат дека не сте заинтересирани. Покажете малку ентузијазам. Придонесете тој момент да биде прекрасен.

Начинот на кој се движи вашето тело

Ако сте згрчени, опуштете се. Тој ќе се прашува дали имате проблем со самодовербата. Но, ако се движите и направите некои сензуални потези, тоа ќе ги воодушеви. Тие сакаат вашето тело да биде во склад со нивното. Ги сакаат вашите гради на нивните, сакаат да го почувствваат вашето тело во потполност. Колку повеќе сте вклучени во сексуалниот чин, толку повеќе мажот ќе почувствува дека сте возбудени.

Вашите очи

Гледате ли директно во неговите? Го одмерувате ли неговото тело? И едната и другата опција се добри доколку одговорот е позитивен. Ако не е, тоа ги прави несигурни. Не го спуштајте погледот од неговиот, не гледајте во сопственото тело, бидејќи можеби ќе испратите погрешна порака дека ви е здодевно. Потрудете се вашите очи да не го говорат она што не го мислите. Покажете му дека уживате.

Вашите воздишки

Дали во текот на односот вашиот глас е подлабок од вообичаено? Начинот на кој звучи вашиот глас и воздишките, за мажот е показател колку сте возбудени. Шепнете му нешто секси, кажете му што ќе се случи следно и што сакате да направи. Нивното возбудување зависи многу од вашето, затоа немојте да се плашите да го искажете.

 

Прегледи:
638
Објавено на:
22.06.2018