Ова е салфетата која покажува дали ви ставиле дрога во пијачката

Овие салфети изгледаат како сите останати. Единствената разлика е тоа што, ако истурите од својата пијачка на било кој раб од салфетата, таа ќе ја смени својата боја.

Една студентка од Вашингтон одлучила да го спречи искористувањето на младите мажи и жени, кои без обзир на многубројните предупредувања, ги оставаат своите пијалаци без надзор и често завршуваат под дејство на дрога. Поради тоа, можат да бидат жртви на сексуални и други облици на злоставување и искоритување.

„KnoNap“ е салфета која изгледа како и секоја друга, но „таа знае“, вели Даниа Шерман, студентата чиј изум е оваа салфета. Инспирирана од приказната на една своја пријателка, која токму поради дрога била силувана, дошла на идеја да создаде салфети кои можат да препознаат 26 од 40 најчести дроги за силување.




Коментари

коментари