Категории

Ова е сопругата на Горан Бреговиќ со која е во брак 25 години

Веќе 25 години музичарот Горан Бреговиќ е во брак со сопругата Џенана Судуџук. Со години се зборуваше дека имал разни афери, кои скоро биле јавни.

Но сите тие приказни неговата сопруга стоечки ги издржа. Му подари три деца, ќерките Ема, Лула и Уна. На наводните приказни за неверства Бреговиќ не се осврнува, но и тоа како ја фали својата поубава половина.

-Треба да се жените. Морате да имате некој во животот за да направите рамнотежа, за животот да не ви превагне на една страна. Бракот и семејството служат за тоа. Да постои некоја гравитација, а тоа посебно важи за занимање како моето – признава Бреговиќ.

Кога станува збор за убавината на неговата сопруга, таа е неоспорна. Џенана пак низ смеа вели поинаку.

-Ма каква убавица. Јас сум старица. Но можете да ме прашате како се чувствувам како мајка чија ќерка е уметничка- вели сопругата на Бреговиќ.

Извор : Засе.мк

Прегледи:
273
Објавено на:
20.01.2018