Категории

Ова е вистинска љубов – Маж отишол во фризерски салон да научи како да витка коса за да и помага на својата сопруга

Каков љубовен гест! Еден човек дошол во фризерски салон за да научи како да витка кос затоа што неговата сопруга повеќе не можела да ја прави сама.

Како што старееме, нештата што секогаш ги земавме здраво за готово, како што е можност да одиме и да се грижиме за себе, стануваат сè потешки и попредизвикувачки. Може да дојде време кога не можеме да направиме ништо од овие работи без помош. Една постара жена забележала дека повеќе не може да ја витка косата самостојно, нешто што обожавала да го прави, па нејзиниот сопруг решил да ги земе работите во свои раце и да побара помош од експерт. Тој го посети фризерскиот салон „Hair Design By Britney“ во Алберта, Канада, за да научи како да ја навитка косата и да и помага на сопругата.

Во објава на Фејсбук страницата во салонот, Бритни напиша:
„Овој прекрасен господин дојде денес да научи како да ја витка косата на својата сопруга. Неговата сопруга повеќе не е во можност да ја витка сопствената коса и таа често се гори, па затоа тој реши да направи нешто и да научи како да ја витка косата. Ми беше задоволство да го научам! Го научивме како да создава волумен на кратка коса, како да ја заштитиме кожата од изгореници, но и како се нанесува маскара“.

Објавата брзо собра скоро 150.000 лајкови, а многумина беа трогнати од овој прекрасен гест.

„Ова е вистински маж! Колку прекрасна приказна и одличен сопруг кој навистина се грижи за потребите на неговата сопруга. Среќно за нив“, е само еден од многуте коментари.

Прегледи:
102
Објавено на:
05.05.2021