Категории

ОВА Е ВИСТИНСКА СРЕЌА: Супер татко си ги спаси децата од сигурна смрт – видео

Индонезиецот Зуки Чен ги отргна во четвртокот своите деца од прегратката на смртта така што во последен момент ги спаси пред автомобилот што без контрола излета од улицата.

Снимката на неговата реакција стана меѓу најгледаните на интернет, а на социјалните мрежи се појави благодарејќи на тоа што роднината на Зуки, Сутанто Анвар Чен ја постави на својот профил на Фејсбук.

Зуки тоа утро го поправал мотоциклот пред својата работилница, а децата успеал да ги тргне во последен момент пред Тојотата да влета меѓу работилниците.

Локалниот весник Tribun Jambi пренесе дека возачот сам излегол од автомобилот, но дека се чувствувало оти е под дејство на алкохол.

Извор: Макфакс

Прегледи:
292
Објавено на:
26.12.2016