Ова е вистинската причина поради која ви е постојано студено

Ви ги откриваме вистинските причини и како да си помогнете

Сите познаваме некој на кого постојано му е ладно, а можеби тој некој сте и баш вие?
Постојат неколку причини затоа зошто чувствувате студ постојано а тоа може да се промени, ви ги откриваме главните причини за тоа.

Недостаток на железо во крвта
Ако имате недостаток на железо во крвта, тогаш сте анемични и постојано ќе чувствувате студ и многу почесто ќе ви се спие. Можете да ја подобрите вашата крвна слика доколку внесувате листовиден темнозелен зеленчук (спанаќ, штавеј), житарки, цвекло, црвено месо, јајва, риби и школки.

Претеран умор
На вашето тело баш и како вашиот мозок му е потребен одмор и доволно сон за да може да функционира. Спијте минимално 8 часа дневно.

Лоша циркулација
Крвта го грее телото со циркулирањето, ако циркулацијата не е правилно, вашата кожа ќе изгледа светло сина. Посетете доктор доколку имате ваков проблем.

Болест
Зимата е време кога вирусите се насекаде. Можеби се работи само за прелада а можеби и некој вирус или грип. Посетете доктор доколку се сомневате на нешто од тоа, можете да си помогнете со внесвање на голема доза витамин Ц за да го зајакнете вашиот имунолошки систем.

Недоволна количина на телесна маст
Таа го грее телото во текот на зимата а најдобар опис за тоа се поларните мечки кои ги преживуваат екстремно ниските температури. Жените треба да имаат повисоко нивно на масно ткиво од мажите за да можат да функционираат нормално.

Дехидрираност
Ако не пиете доволно вода, тоа влијае врз организмот и да чувствувате студ. Просекот вели дека на човечкото тело му се потребни осум чаши дневно.




Коментари

коментари