Категории

Ова е вистинскиот животен пат – мудрости од прочуениот поет Руми

Животни лекции за добар и среќен живот – еве какви моќни совети оставил Руми

Џелалудин Мухамед Руми, познат и како Мевлана бил поет, правник, теолог и софиски учител. Името Руми го добил по тоа што целиот живот го поминал во Руму (Румски султанат), денешна средна Анадолија, додека називот Мевлана на персиски јазик значи „наш водич“.

Најпознатата поема на Руми е Масневија, која се состои од шест книги и опфаќа разни теми, често во облик на парабола или анегдота напишани во сликовити стихови.
Седум животни совети кој тој ги оставил:

1.Во дарежливост и помагање, биди како водата која тече.
2.Во милосрдието и добротворење, биди како Сонцето.
3.Во покривање на туѓите недостатоци, биди како ноќта.
4.Во лутина и нервоза, биди како мртовец.
5.Во скромност и понизност, биди како земја.
6.Во добронамерност, биди како морето.
7.Или претставувај се таков каков што си, или биди онаков каков што се претставуваш.

Прегледи:
697
Објавено на:
31.10.2019