Ова е за пријателите со кои ќе остарам – Ви благодарам

Ви благодарам што ме избравте, вие не сте само пријатели, вие сте мои сродни души – такви кои го променуваат животот на човек од корен.

Ова е за пријателите со кои ќе остарам. За луѓето кои беа тука уште од самиот почеток и докажаа дека ќе бидат се до крајот.
Ви благодарам за тоа што сте тука секогаш кога ќе ми затребате. Што сте несебични и слушате се што сакам да исфрлам од себеси, што ме подигнувате дури и кога немам сила да се подигнам себеси. Ви благодарам што секогаш верувате во мене, што сте секогаш искрени кога правам грешки и ми укажувате на нив, што сакате да станам подобра личност и што верувате во мене.

Ви благодарам што ме мотивирате и ми помагате да растам, што ме предизвикувате да престанам да се плашам и да излезам од својата комфорна зона. Вие сте причина поради која го имам искусено сето она кое го имам зад себе, од секојдневни настани до незаборавни мигови, забави и лудории.

Ви благодарам што донесувате радост во мојот живот. Што ме засмевате толку многу што понеогаш едвај земам здив, за сите досетки и шеги кои ги имаме меѓусебе и кои ги разбираме само ние. И ви благодарам за сите видови радост кои ги внесувате во моето секојдневие, без вас ништо не би било исто. Ви благодарам што правите да не се чувствувам како да сум единствената личност на овој свет кога имам одредени чувства или мислења, што ме поддржувате и разбирате.

Ви благодарам што постоите и што ме инспирирате да станам подобра личност, што ме мотивирате и охрабрувате во моите соништа. Вие сте најпозитивната сила во мојот живот, и сметам дека не постојат доволно зборови во јазикот кои би можеле да го опишат сето она кое го чувствувам за вас.
Ви благодарам што ме избравте, вие не сте само пријатели, вие сте мои сродни души – такви кои го променуваат животот на човек од корен.




Коментари

[fbcomments]