Категории

Ова куче секојдневно самото влегува во автобус и си се носи себеси на шетање во паркот!

Секое утро, едно многу независно кученце, наречено Еклипса, си ја напушта само својата куќа. Таа оди на мисија: да појде во кучешкиот парк во центарот на Сиетл, САД. Со текот на годините, Еклипса станала миленик на сите кои патуваат со јавниот превоз во Сиетл, поради нејзината самостојност. Ова прекрасно кученце, секој ден трпеливо си го чека автобусот да помине покрај нејзиниот дом. Кога автобусот ќе стигне, таа се качува и нејзе ја поздравуваат сите патници. Овој мастадор (пола мастиф пола лабрадор) има навистина необично однесување.

Се започнало во 2015, кога човечкиот другар на Еклипса, Џеф Јанг, предолго ја пушел својата цигара додека се шетале во паркот. Еклипса станала нетрпелива и сама си се качила на автобусот за дома – рутина која ја научила од нивното секојдневно заедничко патување. Џеф го фатил следниот автобус и се сретнале со Еклипса дома. Од тогаш, Еклипса си е посветена на своите самотнички патувања. Таа си има своја автобуска карта закачена за околувратникот. Секој ден си се качува на автобусот, оди до паркот на по неколку часа, си игра и се запознава со другите кучиња, и потоа си се враќа дома.

Џеф Јанг го кажал следново за локална телевизија:

-Од прилика еднаш неделно добивам телефонски повик. „Здраво, овде е Вашето куче Еклипса, изгледа се загубило“ – А јас им кажувам: „Не, во ред е. Знае што прави“.

Еклипса продолжува веќе петта година да се вози самата низ автобусите на Сиетл.

Прегледи:
734
Категории:
Животен стил
Објавено на:
11.08.2020