Ова лето сите во Струмица! Зошто?

Струмичани, но и граѓаните од цела Македонија по трет пат ова лето ќе можат да уживаат во богатата понуда на ,,Струмица опен фестивал‘‘. Годинашното издание на фестивалот е збогатено со нови содржини кои ќе го направат побогат и поквалитетен од претходните две години. Во единаесетте фестивалски денови од 7 до 17 август ќе се случат 28 настани на десет отворени летни културно-уметнички и забавни сцени.

open1

На вечерашната прес-конференција организаторите ги поканија граѓаните и ова лето да бидат дел од „Струмица опен фестивал“.

Покрај богатата културно-уметничката програма, последните три дена се резервирани за настапите на Тајзи, Бајага со Инструктори и Кирил Џајковски на 15 август, Бендовите САРС и Амадеус плус ексклузивни DJ-и на 16 август и најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ придружена од младите македонски таленти Александра Јанева и Коста Хаџикојчев на 17 август.

Слоганот за третото издание на фестивалот е Десет сцени отворени за вас.

„Минатата година бројот на посетители во сите фестивалски денови се движеше меѓу 180 илјади и 200 илјади посетители, оваа година очекувам уште поголема посета и уште поголемо задоволство на граѓаните“, рече градоначалникот Заев.

На прес-конференцијата беа промовирани официјалниот видео спот на фестивалот и веб страницата www.sof.mk




Коментари

коментари