Категории

Ова мало куче е вистински борец (ВИДЕО)

Oва малечко слатко кутре беше пронајдено напуштено и само на една улица во Романија. Бил навистина мал и тежел само 160 грама, а неговите спасители мислеле дека кутрето имало само еден ден кога било оставено.

Кучињата кои се оставени без мајка навистина е тешко да преживеат. Потребна им е топлина од околу 28 степени и треба да се хранат повеќе пати во текот на денот со мајчино млкео. Кога се раѓаат, малите кучиња се глуви и слепи и не можат самостојно да ја одржуваат телесната температура.

Но, ова мало кутро покажа дека е вистински борец. Првата недела поминала супер. После три недели започнал да си игра со својата прва плишана играчка и да го запознава светот. Запознал нови  пријатели, со кој поголем дел од времето го поминувал во играње и учење како да стане вистинско куче. А две недели пред Божиќ, го пронашол својот дом во Велика Британија.

 

Прегледи:
493
Објавено на:
08.12.2017