Категории

Ова момче е слепо и аутистично, а кога излезе на сцена го расплака светот со својот глас!

Коди Ли е момчето кое успеа да го расплаче цел свет. Неговиот настап допре до срцата на милиони луѓе, особено поради фактот што станува збор за лице со посебни потреби.

Имено, во американската на „Талент“ на бина се појави Коди Ли, момчето кое има 22 години и е слеп и аутистичен. Неговата мајка му помогна да излезе на сцена, а потоа Коди седна пред клавирот и се случи чудо.

Жирито плачеше, публиката плачеше, а на крај е притиснат и златниот тастер, а за кратко време воодушевувањето се пренесе и на социјалните мрежи.

„Коди е слеп и аутистичен… Брзо сфативме дека сака музика. Ја слушаше со огромно уживање. Заплакав кога сфатив дека е вистински забавувач. Преку музиката и пеењето успева да се избори во овој свет. Кога имаш аутизам тешко е да го правиш она што го прават и останатите. Свирењето му го спасува животот“, изјавила мајката Тина пред фантастичниот настап, за кој ќе се зборува уште долго. Во продолжение слушнете како звучеше ова момче.

Прегледи:
546
Објавено на:
31.05.2019