Ова мора да се види! 3Д печатени куќи направени за помалку од 48 часа

Благодарение на Icon Building, која користи 3Д печатење и непрофитната организација New Story, целиот концепт брзо станува реалност и може да биде огромен чекор напред во креирањето на прифатливи домови.

Според компанијата, првата 3Д -отпечатена куќа е голема 32,5 м2 и се наоѓа во Остин, Тексас. Оваа минијатурна куќа служи како „сведоштво за концептот на одржлива изградба на домови, што ќе ги направи домовите за многу семејства побезбедни и поприфатливи од кога било досега“, напишаа тие во соопштението за печатот.

Печатачот што се користи за домашно печатење, Вулкан, е дизајниран со општи ограничувања на места како Хаити и рурален Ел Салвадор – каде има непредвидлива електрична енергија, мала техничка помош и каде не е обезбедена вода за пиење.

Куќата во Остин беше отпечатена за помалку од 48 часа, но компаниите се обидуваат да ја отпечатат куќата и за помалку од 24 часа. Нејзината цена изнесува 10.000 долари, но тие сакаат да создадат слични домови и по цена од 4.000 долари. Компаниите планираат да ја креираат оваа прва заедница со 3Д печатење ова лето.

Во видеото подолу можете да видите како изгледа првата 3D печатена куќа.




Коментари

[fbcomments]