Категории

Ова овошје го уништува имунитетот: Го јадеме често, а не сме свесни колку е штетно!

Силниот имунитет, особено за време на пандемијата со корона вирусот, е приоритет. За да зајакнеме максимално неопходно е да внесуваме доволно витамини преку зеленчукот и овошјето.

Меѓутоа, како што објаснуваат нутриционистите, не е секое овошје добро. Верувале или не, одреден вид може да го наруши имунолошкиот систем и најдобро е да го избегнувате.

Обрнете внимание нареден пат кога ќе одите во продавница. Добар избор е само она овошје кое е сезонско и од поднебјето во кое живееме.

Овошјето кое вештачки созревало може да го наруши имунолошкиот систем, а истото важи и за зеленчукот. Во последните неколку години во маркетите можеме да најдеме јагоди и лубеници сред зима, но според зборовите на нутриционистите, голема грешка е да се јадат во овој период од годината.

Зошто се вештачки созреваните овошја толку штетни за нашето здравје?

Овие намирници не созреваат по природен пат, на сонце. Вештачкото, забрзано зреењње најчесто е резултат на пестициди и други хемикалии кои никако не ги сакате во вашиот организам. За да бидат зрели овошјата и зеленчуците, со очекуваниот мирис и боја, во себе содржат хемија која овозможила да созреат, а потоа да не се расипат додека доставувачот не ги однесе во маркетот.

Прегледи:
92
Објавено на:
30.11.2021