Категории

Ова овошје никако не смеете да го мешате со лекови – Може да доведе и до ненадејна смрт

За грејпфрутот е докажано дека го намалува нивото на холестерол во крвта, го забрзува метаболизмот и со тоа го поттикнува губењето на телесна тежина.

Сепак, верувале или не, постојат непосакувани дејства на грејпфрут, и тоа незанемарливи. Грејпфрутот може да предизвика појачно лачење на желудачна киселина и воспаление. Исто така, го подигнува нивото на естроген во крвта така што жените во средни години треба да го имаат тоа на ум кога го конзумираат.

Истражувањето кое го спровеле американските научници докажало дека средновечните жени кои секојдневно јадат четвртина грејпфрут се изложени на 30% поголем ризик да добијат рак на дојка.

Грејпфрутот исто така го нарекуваат ноќна мора на фармацевтите, затоа што во комбинација со многу лекови може да предизвика лоша реакција во организмот па дури и ненадејна смрт.

Дејството на грејпфрутот врз лековите
Грејпфрутот содржи супстанции фуранокумарини, кои ги блокираат фуранокумарините, ензими кои ги разложуваат лековите во организмот, поради што ефектот на лекот може да се зголеми за два па дури и три пати а тоа може да доведе и до труење со лекот.

Последиците од дејството на грејпфртутот во комбинација со овие лекови вклучуваат внатрешно крваењње, промена во срцевиот ритам, оштетување на бубрезите и изненадна смрт. Степенот на штетност на грејпфрутот варира. Само една порција од ова овошје може да делува како да сте зеле повеќе дози лек одеднаш. До интеракција доаѓа и ако грејфрутот сте го зеле неколку часа пред земањето на лекот. Најзагрозени се старите луѓе кои користат повеќе лекови.

Лекови кои се лоши во комбинација со грејпфрут
Лекови за снижување на крвниот притисок
Антидепресиви
Лекови за лечење рак
Лекови за срце или антибиотици – тоа се лекови помеѓу кои постојат големи шанси на сериозно нарушување на здравјето па дури и смрт.

Околу 85% од лековите кои не се препорачливи да се конзумираат со грејфпрут, 45% можат да имаат смртоносни последици.

Прегледи:
564
Објавено на:
28.11.2020