Категории

Ова палаво куче стана вистински хит – Неговиот сопственик беше шокиран

Сведоци сме дека на домашните миленици им паѓаат секакви за нас помалку несфатливи идеи. Било да се работи за нивните реакции, погледи или несмасност, нивното однесување често мами насмевка и ни го поправа расположението.

Овој пат главниот актер беше ова мало бело куче кое одлучи да се исфарба, и тоа во зелена боја.
Тој одлучи да ја „провери“ состојбата на свежо покосената трева, па почнал да се тркала по неа.
После успешно завршента мисија отишол кај својот сопственик кој останал шокиран од глетката, па одлучил да ја сподели неговата фотографија на Twitter.

„Едно бело куче + свежо покосена трева“ – пишува на фотографијата која доби преку 96 илјади лајкови.

Корисниците на Twitter се шалеа на сметка на малиот палавко нарекувајќи го Шрек и кучето на Гринч, а некои исто така споделија фотографии на кои нивните четвороножни пријатели го направиле истото.

Прегледи:
72
Категории:
Животни · Секојдневие