Категории

Ова полиција ги објави своите најнови регрути, а тие се многу, многу слатки!

Тајпејската полиција е збогатена со нови, преслатки регрути. Единицата К-9 има нови шест лабрадори, а тие се многу мали и многу слатки.

Нивните имиња се Fushin, Schumann, Feida, Yige, AJ и Liang, а се само еден месец стари.

Капетанот на единицата К-9, Pan Tian-long, за BuzzFeed News вели дека иако се мали, тие ќе бидат обучени да бидат кучиња за откривање, како и нивните родители Yellow и Leader.

Од шесте, само Fushin има кремаста боја  и ќе стане откривач на крв, раскажува Pan.

“Fushin е многу посебен” Pan вели. “Тој е најнемирен и сака да шефува.”

Обуката на овие кутриња е веќе започната, бидејќи тие се сеуште многу мали тоа се сведува на запознавање со мирисот на наркотиците, а тоа го прават на тој начин што ставаат наркотици до местото каде што јадат кучињата.

Pan раскажува дека овие кутриња се првите „рекрути“ во единицата, а сите полицајци биле нервозни за тоа како ќе течат работите.

Се завршило одлично, тие се менуваат во нивнта грижа, а зарем е тешко да работиш со вакви слатки бебиња?

Во текот на денот полицајците од единицата се грижат за кутрињата, а ноќта тоа го прави мајката.

Тие не очекувале јавноста да има таква реакција, но кој може да одлолее на нив?