Ова се 10-те победнички во изборот „Жена на годината за 2019“

Денеска во „Рагуза360“, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на “Жена на годината”, кој е во склоп на конференцијата „200 жени претприемачки“.

Во номинациите кои се одржаа онлајн учествуваа 569 лица, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

Ова се 10-те победнички во изборот „Жена на годината за 2019“:

  • Категорија “Жена на годината” – Мила Царовска, Министер за труд и социјална политика;
  • Категоријата “Жена со трајни вредности” – Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста “Браво Сине”;
  • Категорија “Жена менаџер на годината” – Викторија Механџиска, Зегин;
  • Категорија “Млада жена менаџер на годината” – Сања Лукаревска, УЈП;
  • Категорија “Странец жена менаџер на годината” – Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија;
  • Категорија “Жена со најголеми достигнувања во културата” – Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена Земја;
  • Категорија “Жена со најголеми достигнувања во спортот”  – Сара Ристовска, ракомет ;
  • Категорија “Жена со најголеми достигнувања за општеството” –  Кристина Арнаудова, Проект Среќа;
  • Категорија “Жена со најдобар стил “ – Даниела Колиќ Димовска, LISCA
  • Категорија “Инфлуенсерка на годината” – Лила Филиповска, ТВ Сител.

Организатори на “Жена на годината” се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.




Коментари

[fbcomments]