Категории

Ова се 3-те најубави хороскопски знаци: Еве што ги издвојува од другите!

Убавината е во окото на набљудувачот, но како и особините и карактерот, може да биде предодредена со хороскопскиот знак. Ова се 3-те најубави хороскопски знаци според астролозите.

Вага

Со овој знак владее планетата Венера и поради нејзиното влијание, Вагите имаат најубава физиономија. Лицето им е овално, правило и привлечно, а носот краток. Нивниот најголем адут е исправениот грб. Водат сметка за елеганцијата и оставањето впечаток во секоја пригода.

Вагите се многу префинети, отмени, привлечни и зрачат на секој чекор.

Јарец

Овој знак од Зодијакот припаѓа на трите најубави знаци и има најубаво тело. Јарците, а посебно жените родени во овој знак имаат препознатлива фигура на песочен часовник и истакнати облини.

Лицето им е изразено, а очите големи и често зелени или сини. Благодарение на мирниот поглед и изразените очи жените родени во овој знак делуваат таинствено. Насмевката им е заштитен знак и секогаш се дотерани.Се истакнуваат и по долгите и убаво обликувани нозе кои им се најголем адут.

Шкорпија

Шкорпиите имаат многу впечатливи лица. Честопати зрачат со посебен сексапил, привлекуваат со полните усни, убавата коса и заводливи очи.

Како и Вагите, имаат елегантно движење, а препознатливи се и по нагласените црти нан лицето и силната вилица.

Очите им се големи и често хипнотизираат со нив. Имаат малку помасна кожа, а телото им е витко иако немаат изразени мускули. Нивното најсилно оружје е погледот на кој никој не може да остане рамнодушен.

Прегледи:
216
Објавено на:
03.12.2021