Ова се десетте правила на Ганди за менување на светот

Ги насочуваме нашите мисли убедувајќи се себеси дека промените се случуваат однадвор и дека владата, семејството, општеството се виновни затоа што нашиот живот не е онаков каков што сме си го замислиле.

Реалноста е дека ние ја имаме моќта внатре во нас да го промениме својот живот, но најпрво мора да ја согледаме вистината.

Ганди нуди 10 фундаментални вистини за променување на светот и секоја од нив започнува од самите нас.

1. Најпрво променете се себеси

Престанете да се лутите на реакциите на другите луѓе. Доколку сакате да предизвиката промена во светот, најпрво прменете се себеси. Доколку станете најдобрата верзија од себе, може да влијаете врз другите како пример.

2. Вие сте движечката сила во вашиот живот

Наместо да седите и да чекате работите да се случат, излезете и учествувајте во својот живот. Доколку сакате да патувате низ земјата или сакате подобра работа, направете го тоа. Нашите денови на Земјата се одбројани и свесн сме дека универзумот нема да го направи тоа наместо нас.

3. Простувајте

Не носете во себе бес и каење. Простувајте им на луѓето – не заради нив – туку заради себе. Кога нема да очекувате ништо од другите, ќе бидете посреќни и попродуктивни.

4. Резултатите бараат акција

Доколку сакате да промените нешто во животот, мора да се потрудите. Признанијата се супер, но тие не ве развиваат. Вашето тело мора да биде во движење за да ги видите вистинските резултати.

5. Обратете внимание на тоа што е тука и сега

Не дозволувајте да се запрашувате „што ако“. Правете работи кои чувствувате дека е исправни во моментот и кои ви носатт душевен мир. Не грижете се за работи кои сеуште се немаат случено. Фокусирате се како да го направите овој момент за паметење.

6. Сите сме само луѓе

Не заборавајте дека сте еден во милијарди. Вие сте неверојатно посебна личност, но сеуште сте човек. Ќе правите грешки, а ќе ги прават и сите останати. Прифатете го фактот дека сте само човек и дозволете си да правите грешки одејќи кон целта.

7. Продолжете да одите напред

Без разлика колку пати ќе паднете, станете повторно. Колку повеќе станувате, толку подолго ќе останете горе.

8. Работете на себе да го согледувате доброто во луѓето

Не отпишувајте некоја личност од својот живот само поради нешто што рекле или ви направиле. Побарајте ја нивната човечност, и тие се луѓе и тие прават грешки.

9. Бидете најдобрата верзија од себе

Без разлика што се случува, секогаш преставете ја надобрата верзија на себе. Работете а себе за да бидете подобра верзија секој ден и ќе се чувствувате пријатно во своја кожа.

10. Проширете ги своите гледишта

Една од најубавите нешта кај луѓето е постојаната способност да се учи нешто ново. Учиме од моментот кога се раѓаме па се до смртта. Учиме по нешто ново секој ден. Предизвикајте се себеси да научите колку шт е можно повеќе додека сте сеуште на оваа планета.




Коментари

коментари