Категории

Ова се грешките во облекувањето кои ве прават да изгледате неуредно

Доколку сте од оние луѓе кои не се свесни кои се грешките кои ги прават во облекувањето, па поради нив изгледаат неуредно, тогаш одговорот сигурно се крие во облеката, поточно во малите детали на кои не обрнувате доволно внимание.

1. Проѕирна облека. Сите некогаш сме биле „жртви“ на проѕирната облека. Всушност, овој стил еден период беше многу популарен, но повеќе не е. Проѕирното парче придонесува целокупната облека да изгледа неуредно.

2. Нееднакво подвиткани ракави. Сите сме биле во ситуација кога било потребно да ги подвиткаме ракавите, но не секој знае како. Во завиност од материјалот на кошулата, постојат различни начини да ги подвиткате ракавите. Нареден пат кога ќе носите кошула и ќе ги подвиткате ракавите, погрижете се да бидат идентично подвиткани.

3. Премногу накит. Кога носите премногу накит, вашата гардероба доаѓа во втор план. Исто како куќа во чиј ентериер има премногу предмети, така и облеката ќе изгледа неуредно и хаотично. Не носете повеќе од две или три модни додатоци на вас на една комбинација.

4. Пантолони кои се предолги. Кога носите пантолони кои се предолги за вашите нозе, веднаш изгледате несредено. Кога купувате пантолони, потрудете се да изберете соодветна должина или пак скратете ги пред да ги облечете.

5. Спортски патики и кога не спортувате. Постои причина зошто се создадени атлетските патики, а тоа е за да ги носите додека спортувате. Кога ги комбинирате овие патики во секојдневна варијанта, тоа изгледа навистина неуредно, бидејќи се издвојуваат и не одговараат со остатокот од облеката. Погрижете се да носите нормални чевли со стандардната облека.

6. Нечисти чевли. Ништо не придонесува повеќе за неуредниот изглед од нечистите чевли. Свесни сме дека е тешко чевлите да останат чисти постојано, но кога ќе дојдете дома исчистете ги чевлите бидејќи ништо не го прави вашиот изглед понеуреден од валканите чевли.

Прегледи:
401
Објавено на:
23.04.2018