Ова се најбогатите кои возат коли стари по 30 години, немаат луксузен живот и јадат само дома

Тие се неизмерно, сериозно богати луѓе, но ѓивеат надвор од нашите очекувања – скромно до неверување. Не се расфрлаат наоколу покажувајќи се во раскошни јахти, супербрзи луксузни автомобили, или куќи на море и по планини од милиони долари… не го живеат животот за кој ние сонуваме, доколку би ги имале нивните пари. Напротив. Тие се екстремно богати, со годишни заработки од стотина милиони долари и повеќе од тоа, менаџери кои придонесуваат нивните бизнис идеи и достигнувања да го менуваат светот, но одбиваат да си го сменат личниот ѓивот и да преминат на луксуз кој би им го одземал вниманието и концентрацијата.

Листа на најбогатите менаџери кои продолжуваат да живеат скромни како пред да се збогатат, и не се изживуваат со своите пари ја објавува Бизнис инсајдер.

Првиот е Сергеј Брин , ко-основач на Google, кој досега заработил речиси 40 милијарди долари.
Тешко е да се замисли дека човек кој поседува неколку авиони води сметка за трошење на горивото, но така е. Самиот Брин признава дека авионите му се профитни затоа што му се во функција на бизнисот, а се друго е предмет на нормален живот во кој води сметка за трошењето.

Дејвид Черитон, професор на Универзитетот Стенфорд, ко-основачот на мрежата Aristos и еден од првите инвеститори во Google. Неговото богатство се проценува на три милијарди долари. Сепак, тој сеуште го вози својот Фолксваген od 1986 година, живее во истата куќа веќе 30 години, и трди дека со години го користи истиот мебел.

Трет е Чарли Ерген, директор на мреѓата Диш Нетворк, чие богатство се проценува на 16,3 милијарди долари. Секој ден на работа носи ручек од дома, не се чувтсвува убаво кога мора да руча во ресторани, а на патувања дели соба со своите колеги.

Пјер Омидејр, основач и извршен директор на најголемата светска трговска мреѓа eBay, човек кој заработил 8,1 милијарда долари. “Кога ќе станете толку богат што ќе сфатите дека можете да купите се што ќе посакате, од најскапиот автомобил, и тоа не еден туку сите што ги посакувате, тогаш тоа не е интересно” изјавил Пјер Омидејр.

Дејвид Карп , основач и директор Tumblr, заработил досега околу 200 милиони долари. Неговиот единнствен луксуз е стан во Бруклин од 500 квадратни метри, но на неговото уредување потрошил скромен износ за стандардите на тој кварт. Карп изјавил дека станот му е непотребно голем, па нема доволно книги или облека за да го исполни просторот за таа намена.

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук и негов директор, заработил 32,4 милијарди долари. Вози автомобили до 30 илјади долари, иако живее во куќа која вреди 7 милиони евра, а е ретко троши на луксуз и скапа облека, па тешко ќе го видите во нешто поскапо од памучна маица или блуза.

Тим Кук , наследникот на Стив Џобс кој денес е извршен директор на Apple, заработил повеќе од 400 милиони долари. Тој истакнува дека парите не се негов мотив, и инистира на секојдневен нормален живот во кој се чувствува сигурно, и има услови да се фокусира на она што најдобро го знае и најмногу го ужива. Вели дека богатсвото е предизвик кој го менува човекот, а дека тој не е подготвен да биде некој друг само за да ги потроши своите пари.

 




Коментари

коментари