Ова се најчестите научни грешки во филмовите

Иако сите сме свесни дека во филмовите е дозволена интерпретација и имагинација, понекогаш, Холивуд навистина не изненадува во погледот на науката. Подолу можете да ги видите најчестите научни грешки во филмовите.


Бојата на
вонземјаните

Во филмовите вонземјаните најчесто се прикажани како антропоморфни (личат на луѓе) суштества со зелена или сива боја на кожата. Иако до сега не сме се запознале со вонземјани, истражувачите претпоставуваат како би можеле да изгледаат. Наместо како човечки суштества, научниците повеќе ги замислуваат како микроорганизми, или како морски животни, бидејќи претпоставуват дека животот на другите планети настанал од вода.

Ласерски пиштол

Ласерските пиштоли во филмовите испуштаат чуден звук при пукањето. Ласерот патува со брзината на светлината, а она што го емитира е слично на електромагнетното зрачење, што значи дека ласерот сепак не испушта звук.

Бравите се кршат со куршуми

Во многу филмови сме гледале како главните херои пукаат во брава со пиштол, при што истата се отвора. Науката вели дека куршумот не може да го скрши катанецот.

Експлозии на мртвите ѕвезди

Во универзумот се случуваат експлозии, но ниту една не е катаклизмична. Универзумот е вакуум, поради што експлозиите се тивки.


Нуклеарна бомба

Во филмовите луѓето преживуваат нуклеарни напади со криење на различни места. Во реалноста, ништо не може да не спаси од нуклеарна бомба.




Коментари

коментари